Парацетамолот има сериозен ефект врз вашите емоции

Парацетамолот е еден од најупотребуваните аналгетици во светот, но научниците открија дека лекот „ве ослободува“ и од задоволството, покрај од болката.

Го има во стотици други лекови и е најчесто препишуваниот лек за хронична болка. Сепак, „се чини дека корисниците не се свесни дека тој влијае на нивните емоции“, како што велат истражувачите од Државниот институт на Охајо.

Тие направија студија во која доброволци гледале слики и фотографии, налик на оние со слатки мачиња на Интернет. Резултатите велат дека по земањето на парацетамол, емоциите на испитаниците веќе не биле силни како и пред тоа.

Челникот на истражувањето – Џефри Дурсо, вели: „На ацетаминофенот во парацетамолот може да се гледа како на општ ублажувач на емоциите“.

Па ете, ако се чувствувате малку „леви“ и земате парацетамол… Јасно е, нели?

paracetamol-fb[1]

- Реклама -