Џулиен Кнез ја насмеа јавноста со својот уникатен дизајн на корици од видео-касети за најпознатите филмови и серии од денешно време, како „Игра на тронови“, „Гравитација“, „Волкот од Волстрит“…
Тој вели: „ Ги создадов по повод денот на шегата, замислувајќи дека сум Персиски хипстер кој ги гледа модерните ТВ шоуа и филмови исклучиво на видео касети.
Резултатот од неговата шега стана вирален хит.