Еднаш еден стар мачор видел мало маче што се обидува да ја фати сопствената опашка, притоа целосно посветено кон таа цел.
Мачорот се приближил и седнал на тревата до него. Долго го гледал како паѓа и станува, а потоа продолжува до бескрај со својата бркотница. Конечно мачето се изморило и седнало до него на тревата.
– Каква игра е тоа? – прашал мачорот. – Зошто се обидуваш да си ја фатиш опашката ?!
– Ми рекоа дека опашката е мачја среќа. Ако ја фатам, ќе имам голема среќа во животот – одговорило малото маче.
– Кога бев мало маче и на мене ми го кажаа истото – насмеано одговорил мачорот – и јас со часови секој ден се трудев да си ја фатам опашката, па затоа немав време да ја дознавам и проучувам мачјата мудрост.
– И што се случи потоа? – со интерес запрашало мачето.
– Потоа, кога оваа бесмислена игра сосема ми здодеа или едноставно пораснав, престанав да се занимавам со тој беспредметен потфат и почнав да ги совладувам мудростите од нашиот вид. И знаеш тогаш што забележав?
– Што? – викнало маче.
– Видов дека опашката секогаш и секаде ме следи.