Кога Ешли Џирон забележала дека некој пребарувал по контејнерот за ѓубре зад сендвичарата, седнала на компјутерот и ја напишала следнава порака:
„До оној што пребарува по ѓубрето за да најде храна…
Ти си човечко суштество кое вреди многу повеќе од оброк од контејнер. Те молам влези додека сендвичарата работи и ќе ти дадеме сендвич, свеж зеленчук и чаша вода, бесплатно. Ништо нема да те прашаме.“
Пораката веднаш се рашири по Reddit и Instagram, привлекувајќи поддршка и честитки за нејзината широкограда постапка. Г-ѓа Џирон, пак, не смета дека направила нешто посебно – како што вели таа, самата помисла дека некој мора да бара по ѓубрето за да се прехрани ја погодува и повредува.
„Мислам дека сите сме биле во позиција кога ни била потребна нечија помош и кога доволно било само некој да испружи пријателска рака. Ако јас можам да бидам личноста што ќе ја испружи таа рака, тогаш дефинитивно ќе го направам тоа“.
Колку и да се убави сите овие вести за хумани дела, во позадината се крие една многу тажна вистина: Човештвото толку многу изгубило верба во самото себе, што секое добро дело станува вирален хит. До таму ли стигнавме?