Чувајте ги видео-касетите – Можат да вредат многу пари

Грамофонските плочи можеби и ги чувате, ама веројатно веќе одамна ги исфрливте гломазните видео касети и од употреба, и од домот. Е баш затоа сега вредат многу пари.

Експертите сметаат дека на VHS касетите им се случува она што им се случи на винил-плочите. СО појавата на компакт дисковите, тие беа збришани од употреба, а видеотеките останаа само меморија што не сите возрасни групи го имаат. Со други зборови, видео касетите беа маргинализирани и отфрлани доволно долго, за сега да станат инспирација за носталгија.

„Време е да ја научиме лекцијата од винилот. Многумина им откажаа љубов и ги фрлија оригиналните лонгплејки и синглови, кои денес вредат значајни суми“, вели Дејвид Џинкс, од интернационалниот сервис за достава – ParcelHero.

„Повеќето од оние што го купија оригиналното издание на „White Album“-от на Битлси, го „ислушаа“ до уништување. Немаа поим дека плочата ќе вреди многу во иднина. Денес, добро сочувана плоча и опаковка од оригиналниот албум, вреди и до 7000 фунти (9700 евра)“.

vhsdump

Видео лентите ги сметаме за минливи, исто како некогаш плочите, па брзо ги снемува од нашите домови. Нема многу „понепотребни“ предмети од видео-касетите во ова денешно време. Дури и домовите што имаат цели кутии со сочувани видео касети, немаат VHS плеер на кои можат да ги гледаат. Дури ни хуманитарните друштва, ниту „секонд-хенд“ продавниците не би ги земале, па ни бесплатно.

А токму тоа што така брзо ги отфрламе од меморијата е знак дека многу набрзо ќе станат многу вредни.

- Реклама -