За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:
За 2 лица:
300 гр. пилешки гради, 100 гр. варен грашок, 100 гр. тиквички, 10 зелени маслинки, 1 кромид, 1 дл. суво бело вино, масло, сол и црн пипер.
Подготовка:
Испржете го ситно сецканиот кромид во тавче со малку масло, па додадете тиквички исецкани на стапчиња, варен грашок и зелени маслинки.
Динстајте на силна температура 5-7 минути, прелејте со вино и варете додека течноста сосема не испари. Потоа, додадете пилешко исецкано на стапчиња и динстајте на умерена температура 15-20 минути, додека не омекне. Повремено промешувајте и долејте вода, за зеленчукот и месото да не се исушат. Пред крајот, посолете и побиберете.