Доколку работите креативна работа, ова видео може да ви биде од навистина огромна корист. Без разлика на вашата професија, ќе наидувате на задачи кои се косат со вашите интереси и вкусови, но сепак, доколку сакате да профитирате, ќе морате да ги сработите, и воедно да го потиснете она што вам ви се допаѓа. Овој процес често знае да го убие вашиот ентузијазам и желба за работа, меѓутоа треба да сте свесни дека ова е сосема нормално. Видеото подолу нуди одличен совет, кој вели дека секогаш треба да си поставите ваша цел, која ќе ги води вашите амбиции. Погледнете детално за што станува збор.