Некогаш во едно селце живеел стар мудрец.
Тој ги сакал децата и поминувал многу време со нив. Обожавал и да им прави подароци, но секогаш им подарувал само кршливи предмети.
Децата многу се труделе да ги чуваат, но даровите често се кршеле, а тие се растажувале и плачеле. Наместо да се замисли, мудрецот повторно им подарувал уште покревки играчки. Родителите не издржале и отишле кај него да му побараат објаснување:
– Ти си мудар и им го посакуваш на нашите деца само најдоброто! Но, зошто им даваш такви дарови? Тие се трудат да ги чуваат, колку што можат, но играчките се кршат и децата страдаат.
– Ех, пријатели – се насмевнал мудрецот – ќе помине малку време и некој ќе им го подари своето срце. Можеби она што го правам сега, ќе ги научи да бидат многу внимателни со скапоцениот дар кој ќе добијат во иднина.
Мисла на денот