Како да украсите јајца со чипка

Научете како да направите „чипкани јајца“ кои ќе бидат вистински хит на вашата празнична трпеза.
Се што ви е потребно се варени јајца, ножици, ластичиња, боја за фарбање на јајцата и да исечете чипка која најмногу ви се допаѓа.

Внимавајте тоа да биде дел од чипка која повеќе не ја користите, бидејќи кога ќе ја употребите за декорација на украсните јајца ќе морате да ја фрлите.

Исечете чипка со ножици на ленти во онаа големина која е доволна за да се замота целото јајце.

На местото каде што сте ставиле чипка ставете и ластиче кое ќе ја држи чипката цврсто.

Ставете јајца во боја и оставете ги да отстојат онолку колку што им е потребно да примат боја.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Кога ќе ги извадите, пресечете ги ластичињата и одвоите ги од чипката.

Погледнете го видеото во кое е прикажана целата постапка, доколку се одлучите за оваа идеја.

- Реклама -