Спортска верзија на градскиот компактен модел Opel Adam доби и кросоверска варијанта. Автомобилот го носи името Adam Rocks S и ќе дебитира пред публика за време на автосалонот AutoRAI во Амстердам.
Новиот Opel Adam Rocks S го користи истиот бензински 1,4-литарски мотор со 150 КЅ и 220 Nm, кој се става и во Adam S, прикажан минатата година во Париз. Агрегатот ECOTEC овозможува на ова остварување да развива до 100 km/h за повеќе од пристојни 8,5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 210 km/h. Моторот може да се пофали и со завидна еластичност, што им овозможува забрзување од 80 до 120 km/h за 7.9 секунди.
Опишan како „сè друго, но не и сладок“, новиот Adam Rocks S демонстрира и препознатлив дизајн. Моделот има специјално тјунирано спортско подвозје, намалено за 15 mm во споредба со она на обичниот Adam Rocks, како и спортски управувач и ESP, кое може да биде деактивирано. Стандарден за Adam Rocks S е платнениот покрив SwingTop кој е електричен и се собира за само 5 секунди. Спортскиот изглед е дополнет со продолжен заден браник, сликовито оформен приклучок на издувната цевка и заден спојлер.
Меѓу технологијата присуствува системот Advanced Park Assist, која при брзини на движење под 30 km/h идентификува соодветни простори за паркирање и врши автоматизирано маневрирање за оваа намена. Системот доаѓа во пакет со технологијата Side Blind Spot Alert, со која се предупредува возачот за опасност при промена на лентата.