Најсигурни начини да познаете дека се силикони

Пластичната хирургија е усовршена речиси до беспрекорност, а корективните зафати стануваат се поуверливи. Па, ако навистина ви е важно, еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да процените дали се работи за природни гради или за „мамка“.

ПРЕБЛИЗУ СЕ ЕДНА ДО ДРУГА
Во најголем дел од случаите, меѓу женските гради има растојание од 5-7 сантиметри. Имплантите често ја смалуваат таа разлика. При вградувањето на силокони, градите речиси секогаш се подигнуваат и се приближуваат една кон друга.

ПРЕВИСОКО СЕ ПОСТАВЕНИ
Вообичаено, градите се наоѓаат во рамнина со пазувите. Лошите хируршки зафати можат да ги подигнат многу, многу погоре. Тоа особено е очигледно кога девојката ќе се подразголи.

ЛИЧАТ НА ДИЊИ
Природните гради имаат облик на круша, или капка вода. Ако изгледаат како големи округли дињи тоа е најсигурен доказ дека се купени. Природните гради се жртва на гравитацијата, додека имплантите ги пополнуваат градите од врвот па сé до дното, создавајќи совршен кружен облик.

ЛУЗНИ
Пластични хирурзи користат четири точки на градите за да уфрлат импланти. Најголемиот број на интервенции се направени на врвот на градите, или под пазувите. Ако девојката со лажни гради носи маичка со прерамки и ги подигне рацете, овие белези стануваат лесно воочливи. Обично се долги околу 5 сантиметри.

НЕОБИЧЕН ЗВУК?
Делува чудно, но ако нешто не е во ред со нејзиното деколте и „внимателно слушате“, веројатно тоа и ќе го чуете. Ако имплантите се направени од салин наместо од силикон, произведуваат звук налик на чкрипење кога се поместуваат. Кога салинот не го исполнува целосниот обем на градите, се создава воздушен џеб кој станува чуен.

- Реклама -