Шефовите на светските компании имаат доволно пари за да ги задоволат сите свои потреби и желби.
Интересите на некои од нив се „традиционални“ па тие само си купуваат јахти (Ричад Брансон) или фудбалски тимови (Стив Балмер). Други, пак, имаат малку чудни хобија.
Елон Муск, основач на Tesla, на пример е голем фан на филмовите за Џејмс Бонд и сака да купува реквизити кои се користат во нив. Тој дури поседува автомобил-подморница од филмот The Spy Who Loved Me, од 1977 година.
Богаташот Ворен Бафет паѓа на … хавајските гитари. Освен што свири на инструментот, тој држи лекции и се стреми да го промовира овој инструмент.
Бил Гејтс пак колекционира ретки книги. Пред некое време плати 30,8 милиони долари за ракопис на Леонардо да Винчи.
Автомобилскиот магнат Хенри Фонда обновува стари историски згради во мали американки гратчиња со надеж дека така тие ќе се претворат во туристички атракции.
Волт Дизни имал манија по играчките вовчиња. Имал огромен модел во својата канцеларија и минијатурна железничка пруга во својот двор.
Креаторот на радиото и роботиката Никола Тесла сакал да одгледува и да храни гулаби. Дури изнајмувал луѓе да им фрлаат храна на гулабите од неговиот прозорец, кога не се чувствувал добро.
Томас Вотсон , креаторот на IBM, не ги заборавил детските искуства како извидник и на зрела возраст се облекувал со униформа и одел да пали огнови со малите извидници.
Основачот на Facebook Марк Зукерберг пак инсистира сам да го убива животното чие што месо го јаде. Секако, тој не пропушти да сподели на социјалната мрежа дека убил јастог, пиле, свиња и коза.
Текстот е објавен во соработка со VIA Маркетинг, кои ни ги позајмуваат содржините поврзани со маркетинг и претприемништво. Посетете ја нивната веб страна.