Австралиските пчелари Стјуарт и Чедер Андерсен измислија уникатна кошница што овозможува да се извлече мед, без притоа да предизвика нарушување на мирот на нејзините жители.
Овој паметен изум работи на тој принцип што откако ќелиите ќе се наполнат со мед, пчеларот може да ја отвори другата страна од кутијата, дозволувајќи му на медот да тече од чешмата. Пчелиниот восок едноставно ги обновува клетките и ги пополнува повторно празнините. И така во круг.
Пчелите во светот страдаат од т.н. синдром на уништување на колониите. Со овој изум, се надеваме дека тие ќе бидат подложени на помалку нападни „посети“ од страна на пчеларите.
Прочитај повеќе: Науката објаснува: Што ќе се случи ако сите пчели умрат?