Меѓународноto жири од експерти на Red Dot Award посебно ја пофали извонредната дизајнерска филозофија на Fabia: избалансирани пропорции, емоционален пристап.
Исклучителен успех: осум награди за дизајн Red Dot за автомобили на Škoda.
Сосем новиот мал автомобил доби награда Red Dot за својот исклучителен дизајн. Третата генерација на субкомпактот е осмиот автомобил од моделската палета на брендот, кој ја добива престижната награда. Моделот се нуди на европскиот пазар од ноември 2014 година. Благодарение на своите остри линии, популарниот мал автомобил е поспортски и поекспресивен од претходната генерација на моделот. Fabia се карактеризира со јасно изразени кристални форми: страсна, модерна, адаптибилна.
„Новата Fabia е подинамична и исполнета со карактер, откога и да било, тоа е најдобро емоционалната иаведба на моделот досега“, рече Јозеф Кабала, директор на одделот за дизајн во Škoda Auto. “Среќни сме дека новиот дизајнерски јазик го сврте вниманието, како на експертите, така и на многу клиенти. Наградата за дизајн Red Dot потврдува дека сме на вистинскиот пат во усовршувањето на дизајнерскиот јазик на Škoda.“
Ова е осмата награда за дизајн Red Dot за Шкодините автомобили. Популарната Octavia Combi е првиот модел на брендот, кој беше награден со престижното признание во 2006. Škoda Fabia ја зеде наградата во 2008, а Škoda Roomster блесна во 2007 и 2010 година. Чешкиот производител на автомобили постигна успех со Yeti, Superb и Rapid.