Кијану Ривс – холивудскиот талкач кон вредности

Актерот Кијану Ривс е роден на 2 септември.

Канаѓанецот Кијану е ужасно таинствен. Тој не сака средби со новинарите, се плаши од темнината и е многу самоуверен. Единственото лудило, на кое што е способен Кијану е брзото возење на мотоцикл – така Ривс се здобил и со металната плоча во ‘рбетниот столб.

Неверојатно е, но еден од најбараните актери на Америка е совршено рамнодушен кон парите. Еднаш Кијану дури се откажа од својот хонорар за да може неговиот колега Џин Хекман исто така да добие улога, а друг пат дава дел од парите за зголемување на специјалните ефекти во вториот дел на “Матрикс”.

Ривс се смета за еден од најпознатите тажни актери во Холивуд, а неговиот семеен живот е трагичен во моментов. Со својот татко – криминалец, актерот не комуницира многу години, а во љубовниот живот доживува трагедија, откако неговата девојка Џенифер Сајм умира во сообраќајна несреќа.

Еве ги најпаметните цитати на Кијану Ривс, што најдобро помагаат да согледаме каква личност е славниот актер.

За професијата:

„Јас сфаќам дека не сум им интересен на луѓето како човек, како личност. Јас сум интересен само како актер. Што да се прави, таква е професијата. Еве – прашувајте за мене и ќе го дознаете само она што се однесува до мојата работа.

Постојат моменти кога душата плаче, но јас не се измачувам. Ми се чини дека сум скитник по душа … Никако не ми се седи на едно место. Токму затоа никогаш не сум се стремел кон начин на живот во мирување, создавајќи огромни вредности. Актерскиот животот не ме заморува, ние сме уметници кои скитаат.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

Јас сосема искрено сметам дека ако некој снимал два-три популарни филма и станал познат актер, тогаш тоа не е повод тој да се смета дека е нешто повеќе од другите.

Се надевам дека секој филм во кој јас учествувам, ќе им донесе на луѓето радост и задоволство, а што ќе се случи следно не можам да претпоставувам. ”

k

За животот:

„Можеби сум премногу скептичен кон случувањата во овој свет, можеби сум премногу чувствителен кон целата омраза и хаос околу мене – ќе беше многу полесно ако можам да ги игнорирам сите глупости кои се случуваат наоколу и се фокусирам на себичноста.

Ми се допаѓа животот, кога во него има работа. Само тогаш тој има смисла.

Кога не се чувствувам слободен и способен да го направам она што го сакам, едноставно почнувам да се спротивставувам. Дејствувам назад.

Се обидувам да не мислам за живот, бидејќи немам живот. Имам потреба од терапија.

На вас ви е потребно да сте среќни, за да живеете, а на мене не ми треба. ”

За парите:

Убаво е кога можеш да си плаќаш кирија, да плаќаш храна во ресторан, но има една банална поговорка – не е среќата во парите, со нив ти не си ја купуваш слободата и не го живееш животот кој ти се допаѓа. ”

За љубовта:

„Сакам да пишувам песни. Сакам кога ме опкружуваат вистински пријатели. Сакам да патувам и сакам да свирам на гитара. Освен тоа, сакам бесплатно пиво.

- Реклама -