Постапката е детално објаснета во текстот.
Израдувајте ги вашите домашни со убаво украсена крошна, што ќе можете да ја искористите и за нешто по празниците.
За да ја направите ќе ви бидат потребни:
– 9 парчиња 61 x 2,5 сантиметри ленти од филц ( слободно користете повеќе бои, за целиот проект да биде уште позабавен)
– една тегла или поголема конзерва
Напомена: Ако правите корпа од филц, обидете се да ги споите краевите со игла и конец, но ако правите од украсни хартиени ленти, ќе ви биде потребен лепак за хартија.
Постапка:
1.Врз теглата ставете три ленти. Земете уште три и плетете ги како на сликата. Ова ќе биде дното на вашата корпа.
2. Следната лента повлечете ја хоризонтално меѓу вертикалните линии, околу целата тегла. Повторете го овој чекор додека не поминете цел еден круг. Исечете го вишокот и залепете ги краевите.
3. Повторете ја постапката со преостанатите ленти.
4. Бидејќи сте ја искористиле сета лента, извадете ја теглата и свртете ја корпата. Лентите кои што стојат спротивно една од друга се оние кои треба да ги врзете за да формирате рачка. Останатиот вишок од лентата скратете го така што на врвот ќе оставите само дополнителни 5 см.
5. Сето она што е вошок завретете го и залепете го добро, а потоа полека создадете убав облик на вашата корпа.