Доколку немате пари за нова гардероба, постои решение за обновување на старата.
Само ѕирнете во орманот и извлечете ги старите фустани, здолништа и панталони кои ги носеле вашата мајка и баба.
Со малку труд, од наизглед неупотребливите парчиња облека, можете да направите модерна гардероба за лето.
Од материјалите неопходни ви се: стара гардероба, ножици, лепак за ткаенина и шнола.
1. Здолниште од фустан
Исечете го горниот дел од фустанот, неколку сантиметри над половината. Подвртете го материјалот околу ластикот кон внатре и залепете го со лепак за ткаенината.
2. Шнола со машна
Земете стара маица на прерамчиња. Исечете парче со ширина од 20 и должина од 30 сантиметри. Прешијте ја 2 пати по должина и залепете ги краевите.
Исечете вишок во зависност од тоа колку машни сакате. Сошијте ја од надворешна страна и залепете ја. На средината споите ја така што ќе се создадат рабови и ќе се залепат. Со помало парче од истиот материјал замотајте спој на средината од машната. Поврзете ја машната со шнола.
3. Блуза со реси
Исечете го долниот дел од маицата, така што предната страна да биде кратка, а позадината долга, Во дожина на рабовите направете тенки реси, па секоја развлечете ја со прстите.
4. Топ маица
На обичната маица исечете и ги околувратникот и ракавите. Од материјал со принт исечете 3-4 ленти. На грбот од маицата исечете подлабок V израз, па споите ги прерамките на неколку места, и создадете ја формата што ја сакате.