Соништата се толку неверојатни искуства кои ни дозволуваат да направиме многу незамисливи работи; иако понекогаш тие се најстрашните искуства кои сме ги имале.
Ова се неколу факти поврзани со сонот кои веројатно не сте ги знаеле.
1. Не можете да читате или да го кажете времето кога сонувате
Значи, ако се чувствувате дека не можете да препознаете дали сонувате или не, обидете се да прочитате нешто или да видите колку е часот. Никогаш не можете да читате во сон, ниту да го кажете точното време.
2. Соништа одговорни за пронајдоци
Соништата се одговорни за многу од најдобрите пронајдоци на човештвото. Некои од пронајдоците ги вклучуваат:
Идејата за Google- Лери Пејџ
Генератор за наизменична струја- Тесла
Формата на двојна спирала спирален облик на ДНА- Џејмс Вотсон
Машината за шиење- Елиас Хоуи
Периодниот систем- Димитри Менделеев
3. Катастрофална парализа
Во РЕМ фазата телото обично е парализирано, но некои луѓе актуваат од нивните соништа до степен на катастрофи; скршени коски, раце, горење куќи…
4. Зголемена активност на мозокот
Нашиот мозок всушност е повеќе активен во текот на спиењето, додека спиеме, отколку во часовите кога сме будни.
5. Засилувач на креативноста
Соништата, бидејќи помагаат да создадат идеи, се сметаат за големи засилувачи на креативноста.
6. И домашните миленици сонуваат
Само набљудувајте ги како замавнуваат или се обидуваат да фатат нешто додека спијат.
7. Секогаш сонувате
Дури и кога не се сеќавате на сонот, 60% од луѓето сонуваат но не се сеќаваат на тоа; дури и оние кои се сеќаваат, имаат тенденција да го заборават сонот во максимум 24 часа по будењето.
8. Разликата во половите
Жените сонуваат за мажи и жени подеднакво, додека мажите имаат повеќе мажи во своите соништа отколку жени. Покрај тоа, соништата на мажите имаат тенденција да имаат повеќе агресија, додека и двата пола сонуваат подеднаков број на сексуални теми.