Раководството на Porsche на сите 14.600 вработени во компанијата да им даде парична премија во износ од 8.600 евра во знак на благодарност за резултатите од изминатата финансиска година.
Токму 2014-та беше најуспешна во историјата на германската марка.
Наградата е составена од два дела. По 7.900 евра се исплатени за „одлична тимска работа“, а 700 се префрлени во пензиската програма на Porsche. Наградени се дури и оние кои стапиле на работа во текот на 2014 година. Минатата година компанијата продаде 190.000 автомобили, за 17% повеќе во споредба со 2013. Прометот порасна до 17,2 милијарди евра, а оперативната добивка достигна 2,7 милијарди.
Успехот на Porsche се должи најмногу на лансирањето на кросоверот Macan. Тој излезе на пазарот минатото лето, но веќе привлече над 45.000 купувачи. Од компанијата сметаат дека во 2015 ќе успеат да продадат повеќе од 200.000 автомобили.