Нема подобар начин да се пошегуваш со инструктор по возење од тоа да му го оствариш најголемиот кошмар.
Професионалната автомобилистка Леона Чин успешно го направи токму тоа, глумејќи размазена и приглупа тинејџерка која не знае да вози и воопшто нема контрола врз бесниот спортски автомобил, кој наводно е на брат и.
Откако ќе влезе во возилото со инструктор, таа намерно прави неколку грешки за да си поигра со неговите нерви. Кога трпението ќе се потроши и Чин добива последна шанса, ситуацијата добива нов тек – викање, врескање, пцовки, молби за милост, извици за помош… Впрочем, се она што очекувате да излезе од устата на човек што мисли дека ќе умре.