Знаете дека во F1, „глупостите“ како „маркетинг идентитет“ и „посветеност на брендот“ се доследно застапени.
Дотаму, што додека возеше за Lotus Renault, Кими Раиконен беше принуден да доаѓа на работа со Clio?! На сличен начин, сосема очекувано во голем дел од својата кариера Михаел Шумахер имаше пристап до целиот спектар на Ferrari, а подоцна како дел од компанијата од Штутгарт, можеше да биде виден дека вози производи со ѕвезда на предниот капак.
Сето ова го прави изборот на новиот автомобил на Луис Хамилтон некако многу чуден. Сите очекуваат да го видат во AMG GT или SL, нели? Но, не! Светскиот шампион е меѓу сопствениците на новиот хипер хибрид LaFerrari. Испораката најверојатно уште не е остварена, но шефот на тимот на Mercedes во F1 ја потврди веста. „За нас тоа не е проблем!“, коментира Волф за италијанскиот Corriere Della Sera.
На социјалните мрежи веднаш се појавија коментари, според кои шефовите во Mercedes со задоволство ќе остават Луис да ја испита издржливоста на Ferrari. Впрочем, ако победи на патеката и ги надмине конкурентите од Ferrari во тркачки услови, шефовите на Хамилтон нема да имаат ништо против дури да го одведат во забавниот парк Ferrari World.