Девојчето по име Алиса Лидел, била инспирација за Луис Керол и неговото прочуено дело „Алиса од земјата на чудата“.Во 1864 година младиот математичар по име Чарлс Донџсон, познат како Луис Керол, пиел чај покрај река во друштво на пријателот Робинсон Дакворта и три сестрички – ќерки на неговиот пријател Хариј Лидел.
За да ги забавува малите девојчиња Едит (8), Алиса (10) и Лорина (13), Керол измислил приказна за свет полн со фантастични ликови и главниот лик го нарекол Алиса.
Алиса Лидел била толку многу фасцинирана од приказната што го замолила Луис да и го запише сето тоа, па тој го направил под името „Авантурите на Алиса под земјата“.
Пријателот на Чарлс им ја прочитал проказната на своите воодушевени деца, па потоа истата започнала да се развива, за на крајот да го добие и конечниот наслов „Алиса во земјата на чудата“. Приказната била двојно подолга од онаа што писателот првенствено и ја дал на Алиса Лидел, а додадени се и ликовите како лудиот Шеширџија.
Првите илустрации на книгата кога излегла во 1865 година ги направил Џон Тениел, кој го одбил предлогот на Керол за имиџот на Алиса и нацртал млада хероина по сопствена инспирација, поради што авторот не бил задоволен.
„Ја нацрта Алиса со сосема погрешни пропорции. Нејзината глава е преголема, а стапалата премали“, се жалел Керол.
За разлика од Алиса Лидел која има кратка темна коса, Алиса од книгата е русокосо девојче.
Постојат и озборувања дека Керол бил заљубен во младата Алиса и дека очекувал да порасне и да ја ожени еден ден. Историчарот Мартин Гарднер во свето тело “The Annotated Alice” (1960), цитира писмо кое писателот и математичар и го испратил на Алиса откако се омажила:
„После нашето дружење се сплеткав и со многу други деца, но тоа беше сосема поинаква работа“.