Фестивал на брзината во Гудвуд

Најголемиот празник на автомобилското живеење на Островот е несомнено традиционалниот фестивал на брзината во Гудвуд.

Оваа година манифестацијата е поголема и позначајна од кога и да е, благодарение на рекордниот број учесници, меѓу кои пилоти и тимови од Формула 1, класични автомобили, авиони и мотори.

Луѓе од целиот свет имаат можност да видат на едно место Ф1 болиди, суперавтомобили, драгстери и класични рели автомобили, претставени со голема доза на стил и вкус. На приредбата се прикажани и уникатни возила, сопственост на англиската кралица.

Овој фестивал започна на 28 јуни и трае до денес, 1 јули.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -