„Мајка“ – колку гордо тоа звучи!

Фотографијата што ја објави блогерката Рејчел Холс, инспирираше илјадници жени да ги споделат своите приказни за физичкиот изглед, особено по пораѓањето.

На прв поглед, се чини дека се работи за обична фотографија од жена во бикини, на плажа. На втор поглед, ќе забележите дека таа жена има лузни по стомакот. А потоа ќе го прочитате коментарот на авторката, кој е и главната причина за огромниот бран од позитивни реакции во однос на фотографијата.

majka

Рејчел напиша вака:

„Имам стрии на стомакот, а носам бикини. Имам стомак што секогаш ќе биде млитав како последица на носењето на три џиновски бебиња, а носам бикини. Пупакот ми е млитав… (за што порано сум сметала дека не е возможно)… и пак носам бикини. Носам бикини затоа што сум горда на своето тело и секој белег на него. Тие белези се доказ дека сум била доволно благословена да ги носам моите бебиња, а тоа мало стомаче значи дека напорно сум работела за да се ослободам од секој можен вишок килограм. Носам бикини зашто единствениот маж чие мислење е важно знае низ што се сум поминала за да изгледам вака. Истиот тој маж вели дека никогаш не видел ништо посекси од моето тело, со се стриите и белезите. Тоа не се лузни, дами, тоа се ленти со медали (од aнг. „stripes“, што исто така значи и „стрии“) и вие сте ги заработиле. Перчете се со таквото тело, и тоа гордо!“

- Реклама -