Еве што се случува кога ќе ставиме „Ајфон“ во гитара.
Технологиите можат да создадат навистина неверојатни работи. Големите фото и видеографи ги познаваат камерите толку добро што можат да манипулираат со времето, светлината и движењето, за да се создадат прекрасни кадри. YouTube гитаристот „Rtsts“ стави iPhone 4 во својот инструмент. Погледнете го видеото за да дознаете што го предизвикува овој интересен ефект на разбранувани жици.
Камерата на iPhone 4 го снима видеото поразлично од типичните камери. Смартфонот користи т.н. Rolling Shutter. Наместо да прави бројни слики брзо а потоа да ги „поврзува“ во една, камерата го скенира просторот при создавање на видеотио. Соодветното сцената не е фатена целосно во 1 рамка. Токму тоа ги поттикнува жиците на гитара да се визуелизираат на овој кул начин.