Ford го претстави обновениот Ranger

Најголемите новини кај обновениот пикап се 5-цилиндерскиот 3,2-литарски Duratorq TDCI дизел агрегат и ревидираниот издувен систем, каде има намалување на потрошувачката на гориво за 18%, со максимална моќност од 200 КЅ и момент од 470 Nm, во спрега со 6-степен мануелен или автоматски менувач.

На располагање е и 4-цилиндерски 2,2-литарски Duratorq TDCI, кој генерира 160 КЅ и 385 Nm, а за некои пазари ќе се нуди поекономичната опција со 130 КЅ, каде има намалување на потрошувачката на гориво за 22%. Модификации има и во единствениот бензински агрегат – 2.5-литарскиот Duratec со 166 КЅ и 225 Nm.

Моделите со систем за погон на сите тркала ќе имаат корист од електронски контролиран трансфер на вртежниот момент на сите четири тркала, што им обезбедува влечна сила од 3.500 килограми. Од компанијата соопштија дека суспензијата е исто така ревидирана, а ентериерот стана поудобнен и користени се поквалитетни материјали.

 

Новиот Ranger ќе биде достапен со систем SYNC 2, вклучувајќи 8-инчен екран на допир и системи како адаптивен автопилот, предупредување при напуштање на лентата, преден и заден паркинг асистент, помош при управување на нагорнина и други.

Моделот ќе се појави на пазарот кон крајот на годината, а производството ќе стартува во погоните во Тајланд, Јужна Африка и Аргентина.

- Реклама -