Пред претставувањето на Galaxy S6 имаше гласини дека Samsung ќе отстрани голем дел од претходно инсталираните апликации, а TouchWiz ќе биде многу побрз.
Се испостави дека ситуацијата не е токму таква, a S Note, S Voice и други сепак се достапни за новите S6 и S6 Edge.
Истите се редизајнирани, со тоа што има додадени и нови функции, но не секој корисник ги сака на својот телефон. Вчера се појави информација дека Samsung ќе овозможи отстранување на овие претходно инсталирани апликации , поради воведување на нов закон во Јужна Кореја. Тоа би било одлична опција за имателите на новите Galaxy уреди, но не брзајте да се радувате.
Корисниците нема да можат да ги анинсталираат апликациите, туку само да ги деактивираат – опција која беше достапна и пред тоа. Кога ќе го рестартирате телефонот, овие апликации ќе продолжат да работат, а дури и деактивирани, тие ќе продолжат да зафаќаат простор на вашиот телефон.