Наместо да се бори на отворениот пазар, со најголемиот конкурент Samsung, Apple го троши целото време на оневозможување на продажбата на нивните производи.
Адвокатскиот тим на Apple успеал да издејствува привремена забрана за продажба на Samsung Galaxy Nexus на територијата на САД, до мигот кога ќе се одржи судењето поради наводното нарушување на патентот кој го држи американската компанија.
Судијата Луси Кох одлучила дека „иако оваа пресуда ќе им нанесе штета на Samsung, штетата би била поголема за Apple, во случај пресуата да била поинаква“. Патентот за кој станува збор, со број 8.086.604, го заштитува концептот на: „уред способен да извршува пребарување од повеќе извори преку еден интерфејс“.
Многу е веројатно дека со текот на времето патентите на компаниите ќе стануваат сè помалку специфични, а тужбите ќе зачестат, со што, на крајот, ќе се забави развојот, ќе се зголемат цените и најважно од сè – ќе страда крајниот потрошувач. [Apple gets Samsung Galaxy Nexus sales banned in the US]