Мало парченце чоколадо секој ден може да го продолжи животот, тврдат научниците.
Слаткото искушение се одразува одлично на срцето и срцевата активност и штити од инфаркт и мозочен удар.
Во текот на 10 години експертите од Институтот за истражување на исхраната во Потсдам, Германија, набљудувале 19 300 лица меѓу 35 и 65-годишна возраст. Тие собирале податоци за здравствената состојба на секои две години, а на секои пет ги распрашувале за детали во врска со нутритивниот режим.
Заклучокот: 6 грама црна чоколада на ден го намалува крвниот притисок, а оние кои поткаснуваат најмногу чоколадо (просечно 7,5 г дневно) се покажале со 39% помал ризик од срцев или мозочен удар.
Корисно е да се знае дека природното чоколадо, кое содржи повеќе какао, е покорисно од млечното. Истражувањето е објавено во European Heart Journal.