Во која земја се луѓето најсреќни и на кое место се Македонците

Новото истражување откри во кои држави во светот, луѓето се чувствуваат најсреќни.

Изненадувачки првите места не се зафатени од скандинавските земји, кои традиционално доминираат во овие рангови, ниту пак од најразвиените економии.

На челното место се испоставува Парагвај, покажуваат податоците на Gallup’s Positive Experience Index, цитирани од The Daily Mail.

За прв пат топ 10 пласманот, формиран на овој индекс, е составен целосно од латиноамерикански држави:

Парагвај
Колумбија
Еквадор
Гватемала
Хондурас
Панама
Венецуела
Коста Рика
Ел Салвадор
Никарагва

Ниту една од овие земји не е меѓу 25-те најбогати економии во светот. Скандинавските земји сепак остануваат на високи позиции во ранг, со тоа што најнапред, на 15 позиција, е Холандија. Со ист број поени и на истото место се и САД. Кина е на 43-то место, а Русија – на 85-тото.

Македонија се наоѓа на 96-ото место, од вкупно 143 земји на листата.

- Реклама -