Даниел Норис е во моментов еден од најперспективните млади безбол играчи во САД, а дека ова е така, покажува и договорот вреден два милиони долари кој го потпиша со Toronto Blue Jays во 2011 година.
Меѓутоа, Норис го „остварил својот сон“ така што си купил старо Волксваген комбе од 1978 година, а го купил за да живее во него. Овој негов чекор ја шокирал јавноста, но, тој вели дека нема ништо чудно во тоа.
„Нема да се променам само затоа што луѓето сметаат дека моите одлуки се чудни. Единствен начин да имам добра сезона е да бидам среќен и да водам едноставен и избаласиран живот. Ова е можеби малку неконвенционално, но за да би бил среќен, морам да го имам постојано она чувство на авантура“, објаснува Норис.
Освен милионскиот договор, Норис бил прогласен и за најперспекривен безбол играч во MLB лигата, но и за трет најперспективен „леворак“ фрлач во светот. Ова му донесе милионски спонзорски договори, меѓу кои и оној со „Најк“.
Норис, освен тоа што живее во комбе, постојано ја менува својата местоположба, селејќи се некогаш покрај плажа, некогаш во природа, барајќи го својот мир.