Ако се занимавате со бизнис или едноставно сте зафатено лице, смартфонот сигурно е еден од најважните работи за вас.
Дали го користите сепак целосниот потенцијал? Заедно со забавните и информативните мобилни апликации се нудат и такви кои ќе ви помогнат да ја организирате работата подобро и да станете попродуктивни. Еве кои од нив ви ги препорачуваме:
Evernote
Можеби една од најкорисните апликации од овој тип. Со неа си создавате нешто како мобилно работно место каде ги чувате вашите белешки, документи, информации, датотеки, слики и др. Има и добар пребарувач и брзо можете да го најдете она што ви е потребно.
Todoist
Доста добро направена апликација која ви овозможува да правите листи со задачи, пораки, а и да им доделите обврски на своите колеги, кои исто така го користат. Дизајнот е интересен, можете, на пример да маркирате различните видови на задачи во различни бои.
BufferApp
Ќе ви биде корисно ако активно ги користите друштвените мрежи на работа. Овозможува да правите распоред на активности на Facebook, Twitter, Google+, LinkedIn и др. На пример да полните идни позиции на различни страници и профили.
Google Drive
Ако работите со многу колеги или потчинети, потребна ви е континуирана комуникација со нив. Во Google Drive можете да креирате документ / датотека, на која сите ќе работат истовремено. Дава можност и за чување на голема количина на информации.
Dropbox
Оваа апликација донекаде потсетува на Google Drive, но исто така е многу популарна. Го олеснува споделувањето на податоци, линкови, документи. Самото тоа е прилично поедноставено и полесно за користење.