Има жени кои тешко се справуваат со кризата „немажена и на 30″.
Во денешно време е нормално жената најпрво да се грижи за кариерата, а дури потоа да размислува за семејство и деца. Стануваме сведоци на сè посилен јавен притисок врз жените кои се приближуваат кон триесеттиот роденден. Нема место за непотребни грижи, доволно е само да си разјасните некои работи пред себе …
Како се чувствувате?
Дали сте среќни? Дали сте задоволни од вашиот живот? Дали ви се допаѓа вашата работа? Дали ви се допаѓа она што го правите? Ако одговоривте на овие прашања со „да“, тогаш немате причина да се грижите и тоа да ве прави несреќна и тажна. Мирните, среќни и насмеани луѓе дејствуваат мудро и некако успеваат да го обезбедат за себе само најдоброто. Тоа значи дека во моментот во кој ќе имате потреба од сериозна врска, ќе ја добиете. Никогаш не е доцна за вистинска љубов и искрени чувства. Ако пак не ви се допаѓа вашиот живот и не го правите она што го сакате, не постои посоодветен момент за промени од од сега. Не заборавајте дека веќе имате изградени ставови и при изборот на партнер многу добро знаете да процените каде вреди да ја насочите енергијата.
Што сакате?
Имате желба да заминете на патувања и авантури. Имате право да немате слободно време, ако тоа ве прави среќна. Можеби по патот ќе се судрите со човекот со кого би сакале да ги споделите сите овие работи. Животот не завршува по врзувањето. Ако сметате дека треба да создадете семејство, размислете што ве спречува да го сретнете вистинскиот партнер. Можеби поради работата не ви преостанува време да разговарате со нови луѓе. Можеби седите само дома, бидејќи сте изморена од напорниот ден. Можеби давате погрешни сигнали поради некоја причина и не успеавате да ги привлекувате мажите. Размислете каде е проблемот и започнете да го решавате. Излегувајте повеќе, правете нови интересни работи, комуницирајте со различни луѓе, спортувајте и имајте самодоверба… Забавувајте се, не правете сè со цел брак. Работите ќе се случат на природен начин.
Како да се справите со притисокот на роднините и пријателите?
Не се чувствувајте виновно кога ви укажат дека немате семејство. Одговарајте мирно и категорично, дека тоа е нешто што секој го решава сам и не сакате да дискутирате на темата. Многу е важно тоа да го мислите, во спротивно, никој нема да ви поверува.