Jaguar објави дека на 24 март, во Лондон ќе се одржи премиерата на целосно нов XF, кој ќе биде претставен официјално пред публика една недела подоцна за време на меѓународниот салон во Њујорк.
За време на специјално организираниот настан во Лондон ќе биде направена посебна каскада, односно возилото ќе помине водена пречка на 34-милиметарски јажиња. За целта, од Jaguar ќе соработуваат со англискиот каскадер Џим Дода, кој учествувал во филмови од серијалот за Џејмс Бонд, Борновиот идентитет и Индијана Џонс.
Jaguar XF беше за прв пат претставен во 2007 година и е најпродаван и најнаградуван модел на брендот. Втората генерација на автомобилот е целосно нова и ќе биде вториот предлог на компанијата, создаден врз основа на високо технолошката алуминиумски платформа, која е меѓу главните „виновници“ што XF ветува потрошувачка од под 4 литри на 100 километри.
Во момнетов од Jaguar не даваат други детали за новиот XF, но самиот настан ќе може да се проследи во живо преку интернет на: jaguar.com/newxf(24 март, 19:00 GMT).