Лесната торта од киви има прекрасна декорација од бадеми и мед.
Состојки:
За тесто
200 г. бисквити
76 г. путер
За фил
9 листови желатин
4 киви
3 лажици сок од лимон
140 г. шеќер
700 г. полномасен јогурт
За украсување
3 лажици бадеми исецкани на листови
2 лажици мед
2 киви
Подготовка:
Ставете ги бисквитите во пластична кеса и здробете ги со сукало, па ставете ги во чинија и помешајте ги со путер. Смесата истапкајте ја на дното од округлест калап, па оставете ја половина час да се олади во ладилник.
За фил измешајте желатин во студена вода и оставете го да отстои.
Излупете едно киви, исецкајте го на коцки, помешајте со 40 г. шеќер и сок од лимон, па на тивок оган гответе околу четири минути. Компотот од киви оставете го да се олади и во него растворете го исцедениот желатин.
Штом смесата ќе почне да се стега, измешајте го јогуртот изматен со преостанатиот шеќер.
Филот префрлете го во калап, покријте го со фолија и оставете го три часа во ладилник.
Останува уште украсувањето. Бадемот на суво пропржете го во тавче за да добиете златножолта боја. Излупете ги другите киви, исецкајте ги на кругчиња и попрскајте ги со мед. Тортата внимателно извадете ја од калапот, па работ наоколу украсете го со бадем, а одозгора распоредете ги кивите.