Microsoft ги потврди гласините дека Internet Explorer ќе биде заменет со друг интернет прелистувач, кој засега го носи името Project Spartan.
Според магазинот Verge, Крис Капосела, директор на маркетинг во „Мајкрософт“, објасни дека компанијата работи на ново име и бренд за новиот прелистувач на пазарот.
„Сега истражуваме нов бренд, ново име за прегледувачот кој би требало да се најде на Windows 10“, вели тој.
„И понатаму ќе го имаме Explorer, но ќе имаме и нов browser, што засега го носи името Project Spartan“.
Компанијата одамна сака да се ослободи од негативние конотации поврзани со Internet Explorer, па ги испита корисниците на Chrom, пред да донесе одлука за името на новиот прелистувач.
Иако новиот browser ќе биде главен портал за преглед на интернет, Microsoft потврди дека Internet Explorer и понатаму ќе се наоѓа на некои верзии на Windows 10 поради компатибилност.