Мажите што гледаат повеќе порно имаат подобар секс

Мажите што гледаат филмови за возрасни имаат подобар сексуален живот, се вели во најновата студија. Оваа теза е спротивна на досегашното сфаќање дека порното ги одалечува луѓето од реалниот секс.

Истражувачкиот тим на Универзитетот од Калифорнија регрутираше 280 испитаници на возраст од рани 20-ти години и побара од нив педантно да евидентираат колку часови неделно поминуваат гледајќи порно. Потоа им беа дадени прашалници во врска со сексуалната желба и активност.

Не само што се покажа дека мажите со „побезобразна“ историја во пребарувачот не само што не страдаат од еректилна дисфункција, туку всушност постигнуваат многу поголема возбуденост отколку оние што го користат компјутерот стриктно (или претежно) за поблагородни цели.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

„Се чини дека гледањето на повеќе порнографија не ја инхибира сексуалната возбуда, бидејќи се покажа дека всушност се поврзува со посилна желба и поголема возбуденост во две од три тестирани врски“, напишаа научниците во Журналот за сексуална медицина.

„Резултатите покажуваат дека кај оние мажи што уживаат повеќе визуелен сексуален стимул (VSS), постои поголема шанса да имаат поголема сексуална желба“.

Според студијата, највисок степен на возбуденост имаат оние мажи кои гледаат повеќе од 2 часа порнографија неделно. Од друга страна, сето ова може да е резултат на причинско-последична врска превртена во обратна насока. Секс психолозите сметаат дека веројатно се работи за тоа дека мажите со поголема сексуална желба гледаат повеќе порно.

- Реклама -