Камерата е дефинитивно еден од најважните компоненти кај еден современ самртфон.
Дури може да се каже дека е во топ 3, па многу луѓе би ги поставиле можностите на камерата пред другите квалификации.
Токму затоа многумина ги споредија квалитетите на двата најголеми конкуренти Samsung и Аpple и нивните најнови модели на смартфони.
Сликите кои ги гледате подолу, се дело на AndroidAthority кои успеаја да ги стават и двата телефони еден до друг, за да видат кој е подобар.
Имено, Apple iPhone 6 Plus има 8MP камера со 18mm сензор и снима во 4: 3. Има оптичка стабилизација на сликата, може да сними видео со 240fps при 720p. Од другата страна го имаме Galaxy S6 Edge со 16MP камера, 19.9mm сензор и снима во 16: 9. Повторно имаме стабилизација на сликата и 4K видео заспис, но само 120fps подзабавен при 720p.
Повеќе од очигледно е дека на хартија Galaxy S6 Edge има многу добри карактеристики, што укажува дека ќе направи многу добри фотографии. Искуството не научи дека тоа не е секогаш така и колку и да не им е по желба на Galaxy фановите, продукитите на Apple навистина се шампиони, кога станува збор за камерите. Интересен факт е тоа што нивните камери ги прави Sony, но очигледно софтверот од Apple е многу подобар.
Тука работите се спорни и тоа многу. Сигурно ја немаме онаа вселенска и нереална разлика која ни беше прикажана на премиерата на Samsung телефонот. Наместо тоа, нештата одат кон еднаквост, со одредена доза на разлика. Оставаме да ја воочите сами.
Горе: iPhone 6 Plus / Долу: Galaxy S6 Edge
Горе: iPhone 6 Plus / Долу: Galaxy S6 Edge
Горе: iPhone 6 Plus / Долу: Galaxy S6 Edge
Горе: iPhone 6 Plus / Долу: Galaxy S6 Edge