Нашата земја, веќе шеста година по ред се вклучува во одбележувањето на часот на планетата Земја.
Ова е акција во која што учевствуваат 162 земји.
Акцијата има еколошки карактер, а постои со цел да се испрати силна порака дека ја чуваме планетата и знаеме да штедиме.
Овогодинешниот час ќе го чекаме на 28-ми март, сабота, во 20: 30 часот по наше време, кога светлата ќе се изгаснат во текот на следните 60 минути.
Македонските естрадни личности се вклучија во акцијата, а гласно ја поддржуваме и ние – тимот на 365. Да ги изгасиме светлата заедно.