Се спремате за добар секс? Оваа храна не треба да ја јадете

Храната што ја консумираме може да има позитивен, но и негативен удел врз сексот. Со други зборови, многу е важно што ќе избереме да јадеме кога планираме жешка ноќ.

Храната има неверојатно големо влијание на нашиот живот, не само на физичкото здравје, туку и на емотивната состојба. На нашето либидо влијаат бројни фактори, како стресот, заморот, финансиските грижи, тоа колку долго работиме, но и храната што ја јадеме. Свежото овошје и зеленчук, на пример, ни помагаат да го подигнеме расположението и енергијата, а со самото тоа и желбата за секс.

Од друга страна, експертите велат дека треба да се избегнуваат одредени видови на храна, особено тофу, грав, грашок, брокули и овесна каша, макар што се добри за здравјето.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Брокулата содржи шеќер сличен на оној во гравот, па прави да се чувствуваме подуено и да испуштаме гасови. Треба да се избегнува и црвеното месо. Тоа не прави летаргични и презаситени, исто како и чоколадото, сирењето, виршлите, пеперминтот и помфритот. Сите овие намирници, доколку се консумираат во големи поголеми количини, можат да го намалат нивото на тестостерон, а тоа секако не сакате да ви се случува во текот на акцијата.

- Реклама -