Беше вечер, околу 23:30 часот. Постара афроамериканка стоеше настрана на главниот пат “Алабама” и се обидуваше нетрпеливо да го дочека крајот на бурата. Нејзиниот автомобил беше оштетен и таа имаше потреба очајно од превоз.
Мокра до коски, жената одлучи да го стопира првото такси.
Млад бел маж застана за да и помогне, нешто што било нечуено за оние времиња исполнети со расизам и конфликти (60-тите години на XX век). Мажот ја однесе на безбедно место, и помогна да добие помош и ја качи во таксито.
Таа му се заблагодари и ја запиша адресата. Поминаа седум дена и на вратата на мажот стигна испорака. На негово огромно изненадување, еден голем цветен телевизор беше доставен до неговиот дом. Имаше прикачено посебна белешка. Таа гласеше:
Многу ти благодарам што ми помогна на патот онаа вечер. Дождот ја „намокри“ не само мојата облека, туку и мојот дух. Потоа ти се појави. Благодарение на тебе успеав да стигнам до креветот на мојот сопруг, кој лежеше на смртна постела, токму пред тој да почине. Бог да те благослови за тоа што ми помогна, и за тоа што несебично им служиш на другите.
Со почит, г-ѓа Нат Кинг Кол.