Тест за Apple манијаци

Можете ли (без да „гуглате“) да го препознаете логото на Apple на оваа слика?

Повеќе од половина луѓе што го направиле тестот, не успеале иако биле сигурни дека е едноставно. Задачата е поставена од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес. Логото на компанијата е едно од најпрепознатливите во светот и покрај тоа 53% кикснале гледајќи ја оваа слика.

„Да гледаш и да забележуваш се две различни работи”, велат двајца од авторите на студијата Адам Блејк и Ален Кастел.

„Кога го гледаме истото многу пати, нашите мозоци не го сметаат за важна информација, на која мораат да се сеќавааат до детал.“

Можете ли да кажете веднаш, без да ги проверувате, кои копчиња се наоѓаат околу буквата T на тастатурата, која ја користите секој ден?

Кога биле замолени да го насликаат логото на Apple, 85% од луѓето направиле грешка. Пред тестот се поставува прашањето „Како мислите дека ќе се справите?” И повеќето учесници биле убедени дека ќе се справат одлично. Реалноста е сепак друга.

Еве ја сликата:

appl

Целиот тест можете да го направите ТУКА.

- Реклама -