Купи куќа, купи жена

Оглас во Индонезија ја збуни светската јавност.

Имено, една жена одлучила да ја продаде својата куќа, но и да се стави себе си во понудата, како нешто што следува гратис.

Куќата со две спални соби се наоѓа во Џакарта, а заедно со сопственичката во неа, се продава за 76.000 долари.

Вина Ли потврди за локалните медиуми дека навистина бара партнер. Идејата е на нејзиниот агент за недвижности, кој и предложи во исто време да најде и маж и некој што ќе ја купи куќата.

„Понуда на векот!!! Купете ја куќата и можете да се ожените со сопственичката. Само за сериозните купувачи и без преговори“, стои во огласот.

- Реклама -