Патот Цетиње-Будва е затворен за сообраќај откако целосно беше уништен поради лизгање на земјиштето.
Обилните дождови покренале лизгање на земјиштето кое го уништило магистралниот пат, и прашње е кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.
Околу 100 метри асфалт потонал за 80 сантиметри, а се отвориле и пукнатини длабоки и по неколку метри.
Претседателот на општина Будва Лазар Раденов иќ вчера рекол дека Дирекцијата за сообраќај интензивно работи на санирање на проблемите, како и дека се ангажирани инжиниери и геолози да утврдат на кој начин е можно да пристапи до итната санација на овој дел од сообраќајницата.