На автосалонот во Женева шпанската компанија Spania GTA ја претставува новата верзија на GTA Spano – првиот автомобил во светот, во чија конструкција е употребен графин.
Графин претставува единечен слој од јаглеродни атоми и е еден од најпознатите цврсти и издржливи материјали на планетата. Покрај графин за правење на монококот на супер автомобилот е употребен и титаниум, благодарение на што шасијата на GTA Spano е многу лесна.
На изглед новата GTA Spano се разликува од својот претходник по предниот браник, кој сега е со зголемени всмукувачи за воздух и LED дневни светла. Покрај тоа, машината доби поинаква хауба, нови задни светла, големо антикрило и четири цевки на издувниот систем, кои ги заменуваат досегашните 3. Под хаубата е 8,0-литарски V10 мотор со две турбини, кој развива 938 КЅ и 1220 Nm вртежен момент. Тој работи во комбинација со 7-степен секвенцијален менувач кој овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди. Максималната брзина на GTA Spano е 370 km/h.