Стоматолошка уметност

На аголот на улицата, создаден од пресекот на Riverside Drive и Lexington Avenue во градот Елкхарт, во Индијана, САД, се наоѓа една чудна атракција: бетонски блок со безброј заби во него.

Од далеку парчето бетон изгледа сосема обично, но доколку се погледне повнимателно во пукнатините, ќе најдете илјадници заби – кучешки и човечки.

2(1096)

 

 

Човекот кој стои зад чудната скулптура, е локалниот стоматолог д-р Џозеф Стампа. Тој бил оддаден на својата професија во текот на 60 години – до својата смрт во 1978 година, кога е на возраст од 88 години.

Д-р Стампа доживел момент на огромна жал, кога неговото куче – германски овчар по име Принс – умира. Наместо нормална надгробна плоча, ексцентричниот доктор избрал да му создаде на домашниот љубимец  бетонски блок со вградени илјадници заби кои ги извадил како стоматолог. Тој ги чувал сите нив во буре во подрумот на својата ординација во очекување на вистинскиот момент да ги искористи.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

1(1054)

- Реклама -