Како се бира песна за Евровизија во Шведска?

Шведска е неприкосновен европски лидер, барем кога станува збор за Евровизија.

Од нивната прва победа пред 40 години, со групата Abba, земјата е рангирана во самиот врв на евровизиската табела, со втор најголем број на победи на најгледаниот (надвор од спортот) телевизиски настан на планетата.

Во последните 4 години, Шведска се пласираше во најдобрите 3 дури четири пати, од кои еднаш и победи. Па, како им успева?

120426023131-swedish-eurovision-fans-horizontal-large-gallery[1]

За почеток, Шведска просечно има по 3000 песни кои се натпреваруваат да ја претставуваат земјата на Евросонг. Евровизиската селекција трае повеќе од 6 седмици, а вклучува 4 полуфиналиња. Дури има и рунда за „втора шанса“, за да не се случи некоја квалитетна песна незаслужено да биде превидена од публиката или жирито. Дури потоа се случува големиот Melodifestivalen, на кој настапуваат финалните 10 песни, кои патем се гласани од интернационално жири во комбинација со национален телевоутинг. Да, токму така. Швеѓаните толку сериозно ја сфаќаат Евровизија, што имаат интернационално музичко жири за да им помогне да ја пронајдат најдобрата песна.

Голем дел од заслугите одат кај шведската национална телевизија – Sveriges Television, која очигледно има поинаков пристап од останатите европски национални телевизии. А со заслугите, одат и плодовите. Резултатот е неверојатна гледаност – толку голема што изборот на шведскиот претставник го следат и огромен број Британци, на пример, кои во недостиг на сериозна заинтересираност за фестивалот во Британија, го чувствуваат шведскиот како свој. Некои од нив дури и патуваат во Шведска за да го следат во живо.

sweden

Инаку, годинава, за време на 90-минутниот предфинален циклус од изборот на шведски претставник, Sveriges Television достигна гледаност од неверојатни 80%. Финалната вечер, која ќе се случува една седмица подоцна, се очекува да донесе гледаност од дури 90%. Ваквите бројки се само недостижен сон дури и за најголемите телевизиски куќи. Слободно можеме да речеме – постојат само мал број на места на Земјата каде и се придава толку големо значење на Евровизија.

Патем, уште еден можеби многу важен факт: Шведска никогаш до сега не победила со машки претставник. Тоа може да се смени годинава, кога сите четири од најголемите шведски фаворити во моментов се соло машки пејачи.

- Реклама -