Направете сами домашна пудра

Пудрата во прав, подготвена во домот има многу предности, бидејќи се состои од едноставни намирници и не ги затвора порите на кожата.
Ваквата пудра не предизвикува алергија и подготовката е многу едноставна. Рецептот е природен и на вашата кожа ќе имате не само естетско туку и лековито дејство доколку имате проблематична кожа на лицето. Пудрата од овесни снегулки не ги затвора порите и е одличен извор на витамини.

За да ја подготвите, потребни ви се: 100 гр. овесни снегулки и 1,5 литри вода ( подобро е да користите флаширана или филтрирана), хартиена крпа или тенки памучни марамчиња.

1. Овесните снегулки сомелете ги ситно во машина за мелење на кафе или со помош на блендер.

2. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла или друг поголем сад и прелејте ја со 0,5 литри вода. Добро промешајте.

3. Оставете ја смесата да отстои 20-30 минути, за да се раздвои талогот.

4. Полека прелејте ја чистата вода во друг сад, а талогот повторно залејте го со пола литар вода.

5. По истекот на пола час, повторете ја процедурата втор пат. Водата ( без талог) полека прелејте ја во друг сад во кој што веќе се наоѓа првата вода без талог.

6. Мешавината на овесни снегулки прелејте ја повторно, по трет пат и после пола час прелејте ја водата ( без талог) во друг сад. Мешавината повеќе нема да ви биде потребна, па потоа можете да ја искористите како маска за лице или пилинг за тело. Сега треба водата да ја исцедите низ цедилка, со помош на парче од тенка памучна крпа или марамче.

Процесот на филтрирање трае час до два. После ова време ќе видите дека сета вода се процедила, а на крпата останала само светла маса. Тоа наскоро ќе стане вашата пудра. Но, не е време за радост. Сепак, пред вас има уште 24 часа сушење на пудрата.

Кога ќе се исуши, полека одвојте ја кората од крпата и уште еднаш ситно мелете во машина за кафе или ситно гмечете со лажица. Последната етапа е филтрација низ најлонската чорапа.

 

- Реклама -