Секој прст означува еден орган, а со притисок на одредена точка можете да воспоставите рамнотежа.
За оние кои не слушнале за џин шин џицу, древна јапонска вештина и филозофија, време е да ги запознаеме. Станува збор за дел од алтернативната медицина, која се заснова на прстите на дланките, а чија што задача е преку важни точки на прстите да се избалансира енергијата на телото која е важна за физичкото и емоционалното здравје на организмот.
Како се применува:
– Во текот на вежбите обидете се да се опуштите и да се сконцентрирате на тешкотиите што ги имате. Дишете бавно и длабоко.
– Со другата рака фатете одреден прст, и стиснете го со целата дланка.
Задржете ја оваа положба околу две минути. Ќе почувствувате пулсирање на прстите.
– Во текот на вежбите дишете изедначено и полека.
– За вежба на целото тело вежбајте со секој прст поединечно, а не секој задржете се околу три минути.
Како влијае:
– Ги намалува болките и стресот, го опушта телото, го регулира сонот, ја зајакнува циркулацијата, го зголемува имунитетот, ја подобрува кожата и го прочистува телото.
ПАЛЕЦ
Органи: Стомачни органи
Емоции: Депресија и напнатост
Физички симптоми: Болен стомак, проблеми со кожата, главоболка, нервоза.
ПОКАЗАЛЕЦ
Органи: Бубрези и мочен меур
Емоции: Фрустрации, страв, ментално оптоварување
Физички симптоми? Болку во зглобовите и мускулите, забоболка.
СРЕДЕН ПРСТ
Органо: Црн дроб и желудник
Емоции: Неодлучност, бес, иритираност
Физички симптоми: Проблеми со циркулацијата, менструални тешкотии, проблеми со очите и видот, малаксаност, мигрена.
ДОМАЛИОТ ПРСТ
Органи: Плуќа и дебело црево
Емоции: Негативност, тага, страв од одбивање
Физички симптоми: Зуење на ушите, проблеми со дишењето, промени на кожата.
МАЛ ПРСТ
Органи: Срцето и тенкото црево
Емоции: Несигурност, нервоза, чувство на помала вредност
Физички симптоми: Проблеми со притисокот, срцеви тешкотии, воспаление на грлото, проблеми со коските и нервниот систем, подуеност.