Најдобрите страни на секој хороскопски знак

Секој знак си има свои силни и слаби страни. За некои од нив сме свесни, а  други се сосема скриени во нас. Откријте во што сте најдобри:

Најсилниот знак

Може и да се изненадите, но тоа е знакот Риби. Да, овие романтичари со нежни души се всушност и најсилните карактери, кои собрале многу мудрост под превезот на емоцијата. Зашто, што и да се случува тие може да се наведнуваат, но никогаш не се кршат.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овен. Неговите претставници се енергични, решителни, но уште поважно е дека од нив зрачи магнетизам кој нема како да се објасни. Дури кога предметниот субјект не блеска со вонземска убавина, сепак околу него има рој од додворувачи. Ова се должи на таа речиси мистична, моќна сексуална енергија.

Најсигурен знак

Тоа е Девицата. Под сигурна се подразбираат неколку работи – верност, заштита и грижливост. Може да се грижат, може и да критикуваат, може и да ве дразнат со бескрајни претензии…но, штом сте го освоиле нејзиното срце, нема да ве изневери и секогаш ќе гледа потреба да сте задоволени. А ако некој сака да ви наштети, ќе го натера да зажали што се родил.

Најсамоуверен знак

Едвај ќе бидете изненадени што тоа е Скорпијата. Тие се ставаат секогаш на прво место. Ако одлучи да се одмазди, ќе дејствува до крај и нема да ги пропушти ни најмалите можности да издејствува еднаквост. Во исто време, ако прави нешто подло и погрешно, речиси е невозможно да ја запрете. Воопшто, луѓето кои сакаат мир не си навлекуваат Скорпија за непријател.

Најубавиот знак

Што се однесува до убав изглед, природата е благонаклонета кон стрелец. Претставниците на овој знак обично имаат слаби, стегнати, флексибилни и многу симетрични тела. Тие се и многу суетни и се трудат секогаш да изгледаат добро, што уште повеќе ја зајакнува нивната атрактивност.

Најголемите среќлии

Најсреќни се Близнаците. Тие по природа се оптимисти (и има зошто) а секој Близнак, се оддалечува од патот на негативизмот, кога е во неволја. Но, генерално близнакот секогаш завршува на вистинското место во вистинскиот момент. Не секогаш му оди на коцка, на пример, но судбината му е таква, што и да се случува на крајот тој сепак ќе заработи нешто.

Најсемеен знак

Несомнено ова е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е сè! И едвај има друг знак кој ќе им конкурира во доменот на воспитување на деца, вештини за создавање атмосфера, грижливост и егоизам. Не случајно за Ракот е многу важно да открие партнер со високи морални вредности и добра душа.

Најдружељубив знак

Ако станува збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или едноставно слатка бајки, Вагата е најдобра. Тие можат да го разгледаат прашањето од апсолутно секој агол и да го анализираат секој евентуален развој. Но уште поважно е дека наоѓаат заеднички јазик со апсолутно секој човек.

Најмистериозен знак

Лидер е Јарецот. Не само што ретко ги споделува своите чувства и мисли, туку и речиси секогаш ја задржува ладнокрвноста и не можеш дури да претпоставиш што точно се крие во неговата глава.

Најрепрезентативен знак…

е Бикот. Со совршени манири, ретко се изјаснува нетактично и умее веднаш да ги поправи работите. Не ги сака конфликтите и секогаш ќе ви помогне ако го побарате тоа од него. Тој е толку прекрасен, благороден и умен, што во негово друштво често останатите се чувствуваат глупави.

Најнезаборавен знак

Лигично, тоа е лавот. Нема како да му се одолее  на ова кралско величество што секогаш блеска во толпата. Ако ги додадеме и чувството за хумор, високиот интелект, прекрасните манири и боемското присуство, овој знак навистина ве тера да се заљубите за неколку минути. А потоа да ви трае со месеци, па дури и години…

Најгламурозен знак

Екстравагантни, оригинални, модерни, стилски, како ѕвезди од големиот екран се Водолиите. Буквално со два џогери ќе го средат тоалетот, правејќи да изгледа како луксузно катче. Неверојатно чувство за стил дури и во неконвенционална облека. И не само тоа. Самото емитување делува како да се нешто повеќе од другите.

- Реклама -